Потребно е, за тестото (4 лица):
200 гр брашно тип 400
40 гр брашно од дурум пченица
176 гр жолчки од јајце
За филот од тиква
600 гр тиква
200 гр рендан патрмезан (parmigiano reggiano)
80гр течна павлака
15 гр путер
15гр mostarda (слатко со сенф)
сол
бибер
За рагу од печурки
160 гр шампињони
10 гр путер
10 гр праз
2g di тамари (јапонски соја сос)
За путер од лешник со зачини
80 гр путер
жалфија
мајчина душица
За пржените печурки
40 гр шампињони
масло за пржење
Други состојки:
80 гр печурки во прав
40 гр семки од тиква
10 мл umeboshi (јапонски сос)
Постапка
Се замесуваат двата вида брашно и жолчките се додека не се добие цврсто и мазно тесто, од него се прави топка и се остава да отстои 15 минути завиткано во проѕирна фолија.
Потоа се зема една четвртина од тестото, се сплескува со раце и се поминува низ машина за влечење кори, постепено истенчувајќи ја кората до дебелина 2мм. Од така извлечената кора се добиваат 8 квадратни парчиња со димензија 10 х 10 цм. Пред послужување се варат кратко во солена вода.
Тиквата се мие и се сече на парчиња, се пече во рерна на 180° околу 30 минути, а потоа се лупи.
Во блендер се прави смеса од тиква, мостарда, путер, пармезан и павлака и се готви на 60° околу 5 минути, додека не добие мазна и кремаста структура. На крајот се додава сол, бибер и кора од лимон по желба.
Во тенџере се запечуваат семките од тиква, им се додава умебоши сосот и се остава да испари. Семките се оставаат да се изладат.
Печурките се сечат на тенки резанки и се пржат во масло на 140°.
Во еден сад се загрева путерот до 120°, потоа се трга од оган и му се додаваат тревките.
Печурките за рагу се сечкаат на ситни парчиња и се пропржуваат во тава со путер и праз, а на крајот им се додава тамари сосот и се остава да испари на оган.
Послужување:
Се формира отворена равиола составена од две кори, измеѓу кои се става филот од тиква, сето се гарнира со рагу од печурки, чипс од печурки, путерот од лешник, семките од тиква и печурките во прав.