10.8 C
Skopje
понеделник, април 14, 2025
spot_img

Нема да верувате каде сè се крие глутенот

1.Преливи за салата
Производителите на сосеви и маринади за салати употребуваат пченица која служи за згуснување на текстурата.
2.Сирења
Популарните сирења како горгонзола често во себе содржат глутен зашто производителите додаваат парчиња леб во смесата.
3.Коцки за супа
Адитивите односно засилувачи на вкусот го сочинуваат главниот состав на преработените намирници, а на малтодекстрин треба да внимаваат сите кои го одбегнуваат глутенот. Тој е скриен глутенски производ во коцките за супа.
4.Кисели краставички
Сокот од краставичките е мешавина на слад и оцет, кое со својот состав е слично на пивото и често содржи глутен.
5. Виршли и паштети
За примамливиот вкус на виршлите и паштетите се заслужни бројни конзерванси и адитиви, кои во себе често содржат глутен.
6.Соја-сос
Еден од главните состојки на соја-сосот е глутенот, а негова замена е тамари-сосот, чиј состав е чиста соја, вода и морска сол.
7.Сладолед
Ароми на јачменов слад, парчиња тесто се чести состојки на сладоледите.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена