Празници се ближат, еуфоријата расте, се работи и исчекува најубавата ноќ во годината. Вчера, во Етно село Тимчевски, традиционално се снимаше популарното новогодишно готвачко шоу, овојпат специјално: јубилејната „Вкусот на традицијата“ на Алфа тв.
Не само што астролозите предвидуваат дека 2020 ќе биде фантастична година, туку и Адријана Алачки се погрижи емисијата да биде- топ!
И по стара добра традиција, кујната од цела Македонија, од солено и луто до благо и најслатко, беше распостлано по богатите софри, славеше и „Гастромак“ а во музичкиот дел настапија- Виолета Томовска, Нино Величковски, Атина Апостолова, Вики Среброва, Марјан Коцев, Јасмина Гуњова, Ирена Спасовска, Елена Велевска, Круме Спасовски, Ани Малинкова, Јордан Митев,Трајче Толевски, Орце Стефковски.., во придружба на одличниот акустичен состав „Дукат“, потоа „Челик бенд“, „Харизма бенд“…
Не ја пропуштајте новогодишната, специјалната „Вкусот на традицијата“!
Коментарите се затворени