Никој не е совршен. Одберете облека со која ќе ги сокриете маните
Веднаш на почеткот, каков тип на тело имате?
1. Јаболко – горниот дел е голем, градите се поголеми од колковите. Ако имате ваков тип на тело, веројатно ќе сакате да ги нагласите тенките нозе и задникот, со што би го одвлекло вниманието од половината и рамењата. Свртете го вниманието на градите и вратот така што ќе облечете полуотворена – деколтирана облека кај вратот.
2. Рамно/правоаголно тело , половината е приближно иста со колковите и повеќе е како цилиндар. Ако имате ваков тип на телото, можете да ја „стегнете“ половината и да ги нагласите облините, за да го избегнете изгледот на „машкуданка“. Одлучете се за набори и карнери, за да додадете структура и обем (и женственост) на вашата фигура. Одбегнувајте широки фармерки и облека во риги ако не сакате да изгледате како момче.
3. Круша – долниот дел е голем. Ваков тип на градба е карактеристичен за нашето поднебје. Колковите се значително поголеми од градите и ако ова е вашиот тип на тело, постојат работи што можете да ги направите за да колковите и задникот ви изгледаат потенки.
4. Песочен часовник е облик на тело кога се еднакви колковите и градите. Ако сте една од среќничките со овој тип на тело, облекувајте се за да ги истакнете, а не да ги сокриете вашите прекрасни облини.
Важно
– Привлечете го вниманието на вашата половина со ремени и фустани. Ако имате права форма, ова е задолжително бидејќи тоа ќе создаде илузија на облини. Ако имате форма на круша или песочен часовник, ова ќе ги нагласи постојните облини.
– Ако имате форма на јаболко (дебела половина) носете блузи кои ги покриваат „витките“, како што се туники и лелеави блузи.
– Фустани и блузи кои ја обвиткуваат вашата половина и минуваат преку градите се добра идеја само ако имате бујни гради; во спротивно градите можат да ви изгледаат непропорционално мали (ако имате облик на круша) или градите и рамењата да ви изгледаат рамни и квадратести (ако имате форма на правоаголник).
– Издолжете ги нозете. Без разлика кој облик на тело имате, заводливо е да направете нозете да ви изгледаат подолги.
– Ако имате форма на јаболко или правоаголно, изберете широки панталони. Така се додава повеќе „форма“ на рамното тело и се помага да се урамнотежат широките раменици или големиот горен дел од телото. Ностете мини-здолништа и светли хулахопки за максимално да ги искористите убавините на вашите нозе.
– Ако имате форма на круша и сте ниски (или имате кратки нозе) носете „цевка“ или малку широки пантолони со потпетици. Тесните панталони кои ви ги милуваат глуждовите можат да изгледаат како превртен триаголник. Широките панталони можат да направат вашите нозе да изгледаат многу дебели во споредба со горниот дел од телото.
– Носете облека со принтови (шари) кои одат надолу по вашето тело (особено нозете), а не попреку.
Дезени и бои
Мудро избирајте ги вашите бои и дезени. Ако имате облини, „витки“ или сало кои сакате да се скриете, носете темни бои (црна, темносина, темновиолетова). Светлите бои и принтови се препорачуваат кога нешто сакате да нагласите за да го оттргнете вниманието од проблематичните места!
Фото-Pexels
Коментарите се затворени