4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Нино Величковски слави 35 години песна: „Све се врти около љубав, жене и мене“

Пејачот Нино Величковски слави 35 години од неговата кариера. Јубилејот ќе го прослави со концерти и со промоција на цеде насловено „Песни, љубов и вино“, во кое се сместени микс од 35 стари и нови песни. Концертот е во четврток, во рамките на 14. Тамбурашкиот фестивал, кој традиционално се одржува на градскиот плоштад во Куманово.  Под името „Нино и пријателите“ на концертот со него заедно ќе запеат Виолета Томовска, Маргица Антевска, Наум Петрески, октетот „Куманово“, „Кумановски тамбураши“, тамбурашите „Велос“ од Нови Сад, Србија и оркестарот „Пријатели“.  Промоцијата на двојниот албум, пак, ќе биде во сабота напладне.

-Се почна во 1983 со октетот „Куманово“, кога Мичо Божиновски ме откри како пејач со песната „Кажи ми Лено душо“, по текст на Љубе Цветановски. Во 1987 дебитирав на фолк фест „Валандово“ со „Сега е веќе доцна“, па во 1987 година со „Бабино девојче“,  кои ми ја открија кариерата. Па „ Бабино девојче“ мене пејачки ме одбележа. После следната година настапив со „Свирете ми тамбури“, како најава за моето тамбурашко пеење. Така почнав и ете ден денес песните се веќе народни.  Во 1990 година почнав со други автори да соработувам и да настапувам на други фестивали. Работев со  Миле Барбаровски и до ден денес со него имам снимено над 20 песни а на песните мои текстовите се на Огнен Неделковски. Во  Валандово победував три години едно по друго со  „Уште еднаш“,  „Ние двајца“ и „Не се трпат немири“. За овие 35 години пеење поминав неколку фази, соработував со различни автори.  На двојното цеде имам две песни од Филип Неделковски. Јас бев сведок на љубовта на неговите родители Соња и Огнен и ете дојде момент и со Филип да соработувам. „Лина“ ќе ја пеам на „Охрид фест“ а „Гушни ме“ на фестивалот во Лешок, вели Нино.

Нино вели дека кога ќе погледне назад, во овие 35 години кариера не може а да не биде задоволен.

Нино со тамбурашите
Фото: balkantrafik.com

-Задоволен сум. Има една фраза на Огнен, кој многу пати го цитирам,  бидејќи тој ме знае и  приватно- од љубов до радост и тага. „Кога нарцисот ќе свене, кога ќе ме нема мене, песните ќе живеат“. Тоа е песна која многу ја сакам и која ја гледам низ годиниве.  Или „Ветрот игра мајски танец со глуварчиња, се за твоите очи како жарчиња“. Или „ Уште еднаш љубовта да ти тропне на врата“, е тоа е клетва моја.  Кога се навраќам  низ годините верувам во пораките од песните. Носам порака со песните а публиката ми враќа. Останале песни кај што луѓето си се нашле.  А толку си успешен колку публиката успеала да се пронајде во песните а кај мене е така. Реално е дека во 35 години сум оставил многу песни. Со октетот е една фаза, во која сум испеал над 230 песни, а сам над 150 песни.  Кога ќе се свртиш годините многу бргу поминале ама останале песните. Мислам дека и не сум кажал се она што можам пејачки да го кажам. Се уште има работа во мене. За пејач нема пензионирање. Ќе го цитирам Оливер Драгојевиќ, кој рече: – Ќе пеам додека можам да зборувам“. И тоа е така. А јас, пак, ќе речам- „Све се врти около љубав, жене и мене“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена