Нов имиџ на Бојана Скендеровски
Точно е дека на убавите жени се убаво им прилега, но драгстичните промени, како што е скусување на коса, па од долга имате француско фризурче- до брада, навистина е предизвик.
Тоа денеска го направи Бојана Скендеровски, иако сабајлево вели немала таква намера, туку мислела дека промените ќе ги прави чекор по чекор- првин бојадисување, па скусување. Арно ама кога се во прашање професионалци- стилисти од Бубе Студио Ин, таа посака- се и тоа- веднаш!
Погледнете го резултатот- Бојана наликува на средношколка, фризурчево и е топ, а единствена „збунка“ вели може да дојде од двегодишната ќеркичка Искра, но децата најбргу од се прилагодуваат на „новитетите“.
Коментарите се затворени