Од штабот за помилување, гушкање и добра забава на Радио Бубамара стигна првото соопштение. Ишала- машала! Во чест на 22. по ред Златна Бубамара на популарноста е обзнаен слоганот на најпопуларната манифестација кај нас, кој гласи: Да се предадеме!
Во понатамошниот текст, прогласот продолжува вака:
„Драги наши ОТРУЕНИ и ЗАПОСТАВЕНИ граѓани, доколку сèуште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА
Време е – ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ! На музика, смеа и работа
Откако се ОДДАДОВМЕ : на лажење, крадење и НЕВЕРСТВА…
Ова е можност за просветлување и ВОСКРЕСНУВАЊЕ НА НАДЕЖТА
Како народ што си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.
Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате – за сите вас има по едно „седиште“ во СЕДИШТЕТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА.
Од нас добивте 22 години – па кој Ви има дадено повеќе?
ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!“
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 16 јануари, а настанот ќе се случува во ВИП Арената „Борис Трајковски“ на 21 февруари 2019 година.
Како и секоја година, интересот е преголем а минатата година билетите беа продадени за рекорден рок од 90 минути.
Коментарите се затворени