Вчеравечер, на големата сцена на МНТ во Скопје, во организација на 11 српски асоцијации се одржа свечената манифестација што за повод ги имаше големите дати- празникот Сретење и Денот на државноста и уставноста на Република Србија.
Поздравното обраќање го имаше премиерот на РСМ- Оливер Спасовски а потоа и Зоран Ѓорѓевиќ, личниот претставник на Претседателот на РС, Александар Вучиќ.
Нашата актерка Ирена Ристиќ ја водеше манифестацијата наречена „Уна Сага Сербика“ а почетокт беше резервиран за Хорот на младите „Симонида“ од Грачаница, Косово.
Тие ги изведоа духовните песни – „Говори Господе“, „Ми смо деца неба“, „Црвен цвете“ со што му дадоа свечен тон на настанот.
Потоа настапи актерката и професорката Биљана Ђуровић од Белград: таа го кажуваше монологот на кнегиња Љубица.
Следната точка беше на Милош Николић, кој ги изведе „Пастирска свирка“- на кавал, орото „Моравац“- на фрула, „Путничко“ и ората „Једностранка“ и „Ситан чачак“- на гајда.
Завршницата беше спектакуларна, и навистина направи убава и свечена атмосфера – танчерска група „Уна Сага Сербика“ танцуваше на популарните песни во нови аранжмани- „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ и „Калајџиско коло“ предизвикувајќи бурни овации меѓу публиката.
Коментарите се затворени