10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Отстранување на брчки со радиофрекфентен лифтинг

Одложувањето на стареењето, осветлувањето на кожата и отстранувањето на брчките денес речиси стана стандард кога се работи за негуван изглед . „Иако не стивнува интересот за естетската операција, се поголем е бројот на жените кои се свртуваат кон козметичките третмани со чија помош ефектите на стареењето се намалуваат и се постигнуваат речиси исти резултати“, вели козметичарка со импресивно искуство Вероника Чадловска. Еден од методите на нехируршкиот лифтинг на лицето е лифтингот со радиобранови или РТЛ што се работи во козметичкото студио „Афродита“.

Вероника Чадловска

Безбедна радиобранова метода за подмладување
Постапката за лифтинг со радиобранови или РТЛ е многу едноставна, целосно безбедна, безболна и не бара никаков вид на анестезија. На третираниот дел се нанесува гел, а потоа се поминува со апликатор со електроди, кои испорачуваат топлина длабоко во кожата, додека површинската кожа не се загрева. Што се случува притоа во кожата? За одржување на младешки изглед предуслов е присуството на колаген и еластин во кожата. Започнувајќи од 25 – та година од животот создавањето на еластинот и на колагенот значително се намалува, кожата почнува да се опушта и се создаваат првите брчки. Со својот топлотен ефект радиобрановите предизвикуваат синтеза на нов колаген и еластин, а исправените спирали на веќе присутниот колаген ги контрахираат, што доведува до моментално затегнување на кожата, така што ефектите од лифтингот се забележуваат веднаш после првиот третман.
Се препорачува после 25 година
Лифтингот со радиобранови им се препорачува на оние кои сакаат долготраен ефект од лифтинг без присуство на компликациите кои ги остава пластичната хирургија. Со третмани може да се започне веќе во 25 – та година од животот, со цел да се неутрализираат ефектите од прераното стареење. На постарите луѓе им се препорачува да почнат да го користат за да ги неутралиизраат веќе постоечките брчки и за да ја затегнат опуштената кожа.
Лифтингот со радиобранови можно е да се прави на сите делови од телото – на стомакот, вратот, задникот, и на лицето.
Веднаш се забележуваат ефектите
Одредени ефекти се забележливи веќе по првиот третман. Ситните брчки околу очите исчезнуваат, а длабоките значително стануваат помалку длабоки. Кожата полека се затегнува, односно се поправа тонусот на кожата, бидејќи се нормализира лачењето на себумот и се намалуваат браздите на носот и околу усните. Исто така, подочниците видливо се подигаат. Квалитетот на кожата во пределот на вратот значително се подобрува. Ако третманот се применува на целото тело, дава резултати и во борбата со целулитот и намалувањето на масните наслаги, ја ублажува видливоста на лузните и стриите. За лекување на целулитот најдобри резултати дава комбинацијата од лифтинг со радиобранови и лимфна дренажа. За да се постигнат долготрајни резултати неопходно е да се направат серии од 3 до 4 третмани, со временска разлика од 15 денови, за синтезата на колагенот и еластинот да достигне успешно ниво. Во зависност од степенот на опуштеност, старосната возраст како и реакциите на третманот се одредува бројот на третмани.
На кого не се препорачува
Сончањето не претставува контраиндикација за извршување на третманот, како што е случај со ласерските третмани, па така не постојат ограничувања за третманот во вид на временските прилики. Сепак, лифтингот со радиобранови не се препорачува за бремени жени, луѓе со пејсмејкер и метални импланти, и оние кои имаат епилепсија, канцер, отворени рани или болести на кожата.

фото- makeover vacations

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена