Павле Николовски го освои Балканот
Еден од најуспешните македонски модели Павле Николовски повторно ја потврди својата успешна кариера, благодарение на неговите ангажмани во Босна и Херцеговина.Токму таму беше ангажиран од дизајнeрката Емина Хусеџиновиќ да биде во нејзината нова колекција (GRACIJA Magazin ), а покрај овој ангажман следуваа и други помеѓу кои и сесијата за списанието Hello.
„Неговата интернационална кариера и секако неговата голема професионалност му донесоа одлични соработки во Белград, Загреб и Босна и Херцеговина. Паметиме дека минатата година беше и заштитно лице на српскиот бренд Barbosa. Покрај неговата професионалност, Николовски успеа да го освои Балканот со неверојатните пропорции. Во моментов се работи на уште еден голем проект во новата сезона – велат од неговата матична агенција MODELS IN од Скопје.
Коментарите се затворени