Палачинки полнети со печурки и рукола
Потребно е:
За палачинките:
1 мал портокал
150 гр меко брашно
3 јајца
сол
50 г стопен путер
350 мл млеко
масло
За филот:
5 млади лукчиња
250 г печурки
2 лажици сок од лимон
2 врзопчиња рукола
2 лажици масло
сол, црн пипер
200 г кисела павлака
Изрендајте ја кората од портокалот и исцедете го сокот. Изматете ги јајцата, брашното, кората од портокал и солта. Наизменично додавајте го растопениот путер и млеко, се` додека не стане полутечно и без грутчиња. Покријте го и оставете да отстои 30 минути.
Исчистете ги лукчињата и исечете ги на тенки тркалца. Исчистете ги печурките, избришете ги со влажна крпа и исечкајте ги на тенки плочки, па веднаш накапете ги со лимонов сок.
Пропржете ги печурките околу 5 минути. Додадете го лукчето и измешајте го сокот од портокал со кисела павлака, па оставете да проврие во отворен сад. Посолете и по желба додадете црн пипер. Соединете го со рукола.
На жешко масло испржете осум палачинки, наполнете ги со филот и веднаш послужете.
Коментарите се затворени