Потребно е: (за 30 палачинки): 1 л млеко, 3 рендани меки праски, 3 јајца, 1 лажица сол, 600 г брашно, кора од лимон, 1 ванилин шеќер, 1 лажица кафеав шеќер и масло.
За филот: сладолед од ванила и прелив од праски.
Изматете ги млекото, ренданите праски, јајцата, сол, шеќер и ванила и со континуирано мешање додајте ги брашното и изренданата кора од лимон. Откако убаво ќе ги измешате со миксер, оставете ја смесата да стои најмалку десет минути. Испечените палачинки поклопете ги и филувајте ги по десетина минути. На секоја палачинка ставете топка сладолед, преклопете ја и прелијте со прелив од праски.