Паштета од риба
Потребно е: 350 г туна од конзерва, 500 г компири, 4 солени филети инчун, 120 г путер, 1 снопче магдонос, лажица- две маслиново масло, мајонез, сол, црн пипер, зачински тревки по желба.
Излупете го компирот, исечете го и сварете во солена вода. Отворете ги конзервите и изцедете го маслото од нив, па со вилушка изгмечете ја туната и инчунот. Изгмечете го компирот, додадете путер, риба, зачинете со сол, црн пипер. Според вкус, додајте малку маслиново масло и мајонез, за да добиете поврзана, густа смеса. Паштетета можете да ја мачкате, но задолжително е одозгора да ставите магдонос или други зачински тревки.
Коментарите се затворени