Пестициди на трпеза. Колку е поголем зеленчукот, толку е поисполнет со нитрити
Пестицидите се користат за одгледување на овошјето и зеленчукот- тие формираат слој врз нив, и мора да останат на растенијата што е можно подолго, за да ги заштитат од штетници и болести. Еве неколку практични совети како да знаеме дали има пестициди во овошјето и зеленчукот.
*Колку е поголем зеленчукот или плодот, толку е поверојатно дека е исполнет со нитрати. Зеленчукот што расте со нитрати обично нема претпознатлив вкус. Ако гледате бели линии и светла внатрешност, откако ќе го пресечете доматот, нитратот се користел за време на одгледувањето.
*Друг знак на нитрат е дебелата кора. Темнозелени краставици исто така се одгледуваат со нитрати. Бојата на краставиците мора да биде како тревата. Ако лубеницата е голема, но целулозата не е слатка и семето не е зрело, тоа значи дека ја растеле со хемикалии.
Можеме да отстраниме некои од штетните материи ако правилно ги измиваме производите дома.
*Измијте ги под млаз вода
Исплакнете го добро зеленчукот и овошјето под млаз вода – тоа е ефикасен начин за чистење, отколку само да ги оставите во сад со вода. Можете исто така да ги чистите со четка.
*Мијте ги во солена вода
Ако целиот зеленчук претходно стоел во солена ладна вода околу еден час, ќе се измијат некои од штетните материи. Мијте го зеленчукот и овошјето пред да го ставите во фрижидер, потоа, плодовите треба да се исушат пред да ги ставите во ладилникот. Ако се влажни, бактериите брзо ќе се развијат.
*Користете сода
Обичната сода бикарбона има уникатни својства за дезинфекција. Измијте го зеленчукот во млака вода со една лажица сода, алкалната средина ги уништува пестицидите во зеленчукот. Потоа треба да го измиете зеленчукот под чешма.
*Меѓу најпрсканите овошја и зеленчуци се: јаболка, прска, грозје, јагода, целер, спанаќ, пиперка, краставица, домат, грашок и компир.
*Најнепрскани се: авокадо, пченка, ананас, зелка, кромид, манго, папаја, киви, грејфрут, диња, лубеница.
Коментарите се затворени