Печена тиква со ѓумбир
Потребно е: 3 парчиња тиква, вода, 5 лажици маслиново масло. 1 лажичка чили во прав, 1 лажица мед, 50 г. свеж ѓумбир и 2 резанки лимон.
Подготовка: Тиквата исчистете ја и исечете на резанки. Резанките ставете ги во тавче, а рерната вклучете ја на 180 степени. Додека рерната се загрева, направете го преливот. Во една чинија ставете млака вода, масло, чили, мед, и изрендан свеж ѓумбир. Добро измешајте, па со тоа прелијте ја тиквата. Ставете ја тавата во рерната и печете 40 минути, со повремено протресување, за да не се залепи. Пред послужување, исцедете една резенка лимон врз тиквата.
Фото-Pexels