Фолк пејачката Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче вчера направија свадба и ја прославија 10 годишнината во бракот. Во ресторан во винарија во Градско, заедно со над 150 гости го славеја јубилејот. Нивниот brak почна во 2008 со американска свадба во Лас Вегас. Кога решија да го почнат заедничкиот живот беа далеку од дома, бидејќи Трајче веќе живееше во Њу Џерси, и затоа во Ла Вегас сами си направија свадба. Но, сега решија со сите нивни блиски пријатели и роднини да ја прослават љубовта со македонска свадба, она што требаше да го направат пред 10 години.
Младенците вчера беа многу весели и расположени и не само што кажаа, туку и на нивните лица се читаше:
-Среќни сме, вака нека продолжи уште 100 години, велеа тие.
Свадбата почна со пејачот Бане Моичевиќ од ѕвездите на „Гранд“ и продолжи со српската фолк дама Снежана Ѓуришиќ. Гостинка беше и нашата фолк ѕвезда Благица Павловска, која заедно со групата „Дрим тим“ направи спектакл. Секако, за микрофонот се фати и невестата Јасмина, која на сопругот Трајче ги испеа нивните омилени песни. Летеа долари и денари за музиката, на задоволството и веселбата и немаше крај. Беше толку многу весело, се играше и пееше и на маса, што тортата, која чинеше 300 евра, иако беше донесена да се пресече остана цела.
Благица на свадбата пристигна со сопруот Тале, со кој веќе подолго време живее на релација копје- Охрид. И гостинката од Србија, Снежана Ѓуришиќ се појави во друштво со новиот дечко, гинекологот Вања Милошевиќ.
Свадбата траеше до раните утрински часови. И во зора сеуште се играше и пееше. Неуморни гости и музичари. Велат, такви се свадбите Кавадарци, маратонски.
Јасмина и Трајче потекнуваат од Кавадарци, но живеат во Њу Џерси. Ги имаат синовите Диме и Зуко. Имаат свој бизнис, но не пропуштаат лето а да не дојдат во родниот крај. (В.М.)