Драг, Дедо Мраз
Александар и Дац посакуваат за Нова година да има повеќе љубов помеѓу луѓето, да престанат некои идиотски портали да шират вести накитени со лаги а други да веруваат во тоа, да престане омразата меѓу луѓето во која сме лидери во светот (барем да падневме некое место), да има соживот, среќа и повеќе пари (секогаш недостигаат).
Луѓето да слушаат музика, да гледаат театар, да одат на балет и во Филхармонија, да не се замараат со политика. Да се главна тема новите македонски песни, а не политичките дебати по телевизиите. Можеби многу бараме, но тоа го заслужуваме! Ние годинава се појавивме како помошници на Дедо Мраз кои помагаат да се шири љубов, да се пее, да се ужива во мерак песни.
Дедо Мраз е стара боемчина, па му се засвиѓавме со песните и реши да нѐ остави и во 2020 да Ви го полниме срцето со убавини. Ни кажа дека следи година на романтика, на љубов, среќа и оптимизам, но дека тоа не се подарува, туку мораме сите сами да засукаме ракави и да си го одработиме.
Почнете од 1-ви јануари, затоа што немаме време за губење.
Ви посакуваме сѐ најубаво во Новата!

