Писмо до Дедо Мраз. Татјана Гогоска: Уште поголема гледаност на „Добар ден секој ден на Алфа тв“
Одамна никој не ми рекол да напишам писмо до Дедо Мраз а уште поодамна сама не сум посакала да го напишам. Не дека не верувам во Дедо Мраз, кој е симбол на добрина, љубов, среќа, туку едноставно со текот на годините ги забораваме најситните мали нешта кои можат мигот да Ни го направат вечност.
Не знам минатата година кој посакал да се оствари оваа желба, но сега таа е реалност и тоа се вика „ДОБАР ДЕН СЕКОЈ ДЕН НА АЛФА ТВ“, емисија која секое работно попладне се обидува да го задржи вниманието на гледачите, пред се со забава, игра, информација и она што најмногу гледачите го сакаат, контактот со нив па и интересни подароци.
И сето тоа како резултат на тимот Анкица, Искра, Ивана до скоро и Ирена а од многу скоро и јас, Татјана .
Годинава ќе ја испратиме со многу насмевки, и ќе си посакаме уште поголема гледаност, работа како вистински професионален тим и успеси од кои сите ќе бидат задоволни .
Нека е Среќна Новата 2020-та, нека донесе за сите луѓе помалку завист, омраза, кавги а на сметка на тоа нека испорача ЉУБОВ, ЕМПАТИЈА, ДРУЖЕЊЕ, ВЕРБА, НАДЕЖ И МНОГУУУУ СРЕЌА.
И уште еднаш нека е најсреќна Новата 2020-та година!
Коментарите се затворени