Драг Дедо Мраз, ова се моите желби за 2020-та:
* Да се омажам во странство. Не мора да е многу убав ама мора да е многу богат. И да ме сака најмногу на свет!
* Да добиеме 13-та плата!
* Да си отворам салон за нокти и шминка!
* Да се истребат сите вештерки како Исаура од пансионов и државата!
* Ула да купи гробно место. Така нема да е многу фрустрирана па светот ќе е поубаво место за живеење!
* Пансионот да добие 3 ѕвезда! Греота ми се више газдите, нек им учини Дедо Мраз!
* Секој од пансионот да пушти срце и да ми поклони по еден бон за козметички салон и фризер! Мада тешко ова, ама ај надежта последна умира.
* Да нема војни и гладни и да биде мир во светот. Не за џабе секоја мисица ја имаа оваа желба зашто ние убавите знаеме што му фали на светот.
* Да добијам милион фоловера на Инстаграм ама прави, не лажни. Не е Јелена од Драчево лажњак!
* Да сме живи и здрави!