10.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Писмо до Дедо Мраз. Љупчо Бубе Петрушевски: Да си бидам каков што бев!

Драг Дедо Мраз,
Се обидувам да составам писмо без патетика, без сувишни зборови, што би рекле кај нас- без празни муабети. Отсекогаш сум ти верувал, и подароците што ги добивав, секогаш беа заслужени. Нели? Бев добро момче.
Не знам зошто и како ми се случуваа нештата, ама ја разбрав лекцијата. И токму затоа, не ти барам коли, луксузни патувања, брендирана облека, скапи очила…Ништо од тоа.
Имам само една желба, тоа е мојот сон, причина за постоење, верување и надеж. Да си бидам каков што бев! Можеш ли Дедо Мразу тоа да ми го исполниш? Ветувам, ќе бидам најдобриот на свет, ќе го вртам и другиот образ, ќе ги разбирам зборовите на луѓето што ме повредуваа, ќе знам дека секоја агресија, па макар и вербална, крие некаква болка.
Ветувам, ќе бидам спокоен и никаде нема да брзам, заборавајќи ги малите- големите луѓе што ненаметливо се секогаш тука за мене.
И те молам, исполни им ги желбите и на другите: да нема повеќе болести, страдање и тага.
Едноставно и најважно: Да сме весели и здрави во Новата 2020!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена