Пица со праз, тиква и фета-сирење
Потребно е (за тестото): брашно, квасец, половина лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 1 дл масло и млака вода за замесување.
За фил: помала тиква, еден страк праз и фета сирење по желба.
Измешајте го квасецот заедно со шеќерот и топла вода, додадете една лажица брашно и оставете да нарасне. Измешајте го брашното и солта, а потоа додадете го квасецот и маслото. Замесете меко тесто со помош на млака вода. Тестото е подготвено кога не се лепи, но не треба да биде ни премногу суво.
Потоа исчистете ја тиквата од семките и исечкајте на коцки. Исечкајте го ситно и празот, па заедно со тиквата пропржете во тавче. На тиквата и празот додадете коцки фета-сирење и се заедно измешајте во друг сад.
Смесата распоредете ја врз тестото за пица. Пицата печете ја во однапред загреана рерна и декорирајте со неколку листа босилек.
Коментарите се затворени