На вчера завршената поп- вечер на 25. издание на „Охрид-фест“ првата награда од публиката ја освои Лена, која ја изведе песната „Дојди или оди си“, а најдобриот од жири е Филип Јордановски („Без тебе“).
Публиката гласаше и за Анастасија Аврамовска и песната„Ти си мој херој“ (второ место) а третата позиција и припадна на Пепа и композицијата „Ти си тој“.
Зои, награда за сценски настап
Втората награда од жирито и припадна и на Лени и „Спомени“ а третата на Анастасија Аврамовска.
Најдобриот аранжман го напиша Владимир Дојчиновски-Дојчин, Огнен Неделковски ги напиша најдобрите стихови за „Не знам“ што ја изведе Денис Димовски.
Огнен Здравковски е прогласен за најдобар дебитант на фестивалот, наградата за интерпретација им припадна на триото „Џентлменс“, наградата Долни Сарај ја доби Пепа, а најслушана песна меѓу двата фестивала е „Очи зелено сини“ на Горан Милошевски.