Радио Бубамара го обзнани новиот постер за 23-то издание на нашата најпопуларна и најсакана манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработи познатиот цртач Ивица Спасовски, кој и во 2013 година го нацрта постерот за 16-то издание.
Во духот на слоганот за годинава „Нема правда, има Бубамара“, постерот на 23-то издание отсликува дел од актуелните настани од минатата година, а за најубавите моменти ќе се погрижат нашите најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое, по стар добар обичај, ќе се памети и прераскажува.
Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година се паѓа во четврток, на 27 февруари а местото на настанот е Арената Борис Трајковски.
Во меѓувреме од Радио Бубамара порачуваат да дишеме еколошко гориво, читаме лажни вести и – се ќе биде ОК.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени