По фестивалското затишје поради коронавирусот, филмот на Манчевски го продолжува походот по светските фестивали
Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е селектиран во официјалната натпреварувачка програма на 10-тиот Филмски фестивал во Пекинг, каде ќе присуствува и режисерот.
Фестивалот ќе се одржи кон крајот на август годинава, а заедно со Шангај, Бусан, Хонгконг и Токио е во петорката најголеми во Азија.
„Врба“ беше прикажан и на 39. Филмски фестивал во Истанбул, кој, поради светската пандемија предизвикана од коронавирусот се одржа онлајн. Петнаесетте одбрани филмови на фестивалот, меѓу кои и „Врба“, фестивалската публика можеше да ги види со купен билет за онлајн прикажување.
Турската критика го нарече „Врба“ „Веројатно најдобар филм на фестивалот“. Ердоган Митани, критичарот на најстариот реномиран весник во Турција, „Џумхуријет“ во освртот под наслов „Фестивалски допинг во денови на рестрикција“ вели „Без преувеличувања, еден контролиран сензибилитет со извонредна природност нѐ води од минатото кон денешницата; филм со три засебни приказни на три жени, кои иако се од различни времиња и во различни состојби, низ јадовите што ги преживуваат си ги надополнуваат судбините небаре станува збор за една личност.“
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени