10.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Прв Национален саем за храна во сабота во Градскиот парк

Оваа сабота (12 ноември) во Градскиот парк, од 11 до 16 часот ќе се одржи првиот Национален саем за храна и пијалоци насловен со слоганот „Вкуси ја традицијата“.
Станува збор за голема манифестација што ќе го претстави она по што нашата земја е позната и надвор од границите: храната од над 200 производители од 40 локални здруженија од целата Македонија, што заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономијата.
Претставувањето на домашното произвотство на храна и пијалоци значи широка лепеза на производи каде се опфатени сите потсектори од земјоделското произвотство: вино, ракија, ликери, маџун, мед и медни производи, јаболка, природни сокови, органски производи, домашна приготвена храна, млечни производи, јагнешко месо, разни видови домашни слатка, путер од лешник, бадем, кикирики…, потоа, сирење, кашкавал, зимници, масла, тартуфи, сувомеснати производи…, „homemade“ традиционални деликатеси, што имаат за цел да потсетат на традицијата, поврзаноста и мултифункционалноста на храната.

На Националниот саем во Градски парк ќе ги видиме и производите на претставниците на Слоу фуд Македонија, кои ја негуваат клаузулата за добра, чиста и правична храна, глобално размислување и локално дејствување.
Покрај добрата храна, на „Вкуси ја традицијата“ ќе има и добра музика- ќе настапат групата „Љубојна“, „Тајфата“ и Ди-џеј Мац а влезот е бесплатен.
Настанот го организираат Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена