„Медена земја“, документарен филм на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, не направи особено горди на најголемиот американски фестивал на независен филм „Санденс“, каде во конкуренцијата со 11 документарци, „Honeyland“ се искачи на врвот.
Резултатот е – награда на жирито за најдобар документарен филм и неговото специјално признание за влијанието за промена (прикажана е припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа ).
Снимателите Самир Љума и Фејми Даут добија наградa за најдобра кинематографија а документарецот ја следи неверојатната приказна на последната жена – одгледувач на диви пчели во Македонија.
Браво за целата екипа!
Музиката на „Медена земја“ е на групата „Фолтин“ а музички супервизор е Рана Еид од „ДБ Студиос“ од Бејрут.
Церемонијата се случуваше во Парк Сити, Јута, САД.
Коментарите се затворени