Пробајте нешто поинакво. Колач со тиквички и какао
Потребно е: 250 г тиквички, сок од 1 портокал, 120 мл ајран, 250 г брашно, прашок за печиво, сол, цимет, пола лажичка свежо изрендано мускатно оревче, 30 г какао, 3 јајца, 150 г шеќер, 2 ванили, 120 мл масло, 1 лажица рендана кора од портокал, 120 г сечкани ореви, шеќер во прав.
Измијте ги тиквичките, исчистете ги и исечете на тенки парчиња. Ставете ги во сад со сокот од портокал, покријте и оставете лесно да се варат 5 минути, па потоа измиксајте. Додадете ајран и оставете малку да се излади. Намачкајте го калапот со маснотија и загрејте ја рерната на 180 степени.
Брашното, прашокот за печиво и какаото ставете ги во соодветен сад и измешајте. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќер, ванила, масло и кора од портокал. Измешајте ја смесата со брашно и јајца. Внимателно додадете ја смесата со тиквичките, оревите а потоа тестото ставете во подмачканиот калап.
Печете во загреана рерна околу 40 минути. Пред сервирањето посипете со шеќер во прав.
Фото: Pexels
Коментарите се затворени