Потребно е: 1 кг прокељ, 150 г сланина, 2-3 моркови, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1,5 дл вода, сол, црн пипер, сушен зеленчук.
Приготвување: Измите го прокељот па исечете го на половинки, а морковите на тркалца. Кромидот и лукот исечкајте ги ситно. Исечете ја сланината на коцки и пропржете околу 5 минути или додека благо непорумени. Намалете ја температурата па додадете го прокељот, морковите, кромидот, лукот и сушениот зеленчук. Поклопете и варете на тивок оган со повремено мешање околу 20 минути или додека прокељот не омекне.
фото- coolinarka.com.klub.Lorena