Вчеравечер Викторија Лоба имаше посебна ноќ. Во присуство на пријатели, новинари и колеги, таа го промовираше првиот студиски албум „Нов свет“, во македонска и англиска верзија.
Албумот е сниман во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студиото Јованови а музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов.
Досега од македонскиот албумот познати се песните „Опиум“, „Херој“, ремикс од „9 работи“, како и плодните соработки со Роберт Билбилов и Тајзи, познатите дуети „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“.
Англиската верзија, дел од неа, беше изведен на лице место: продукциски совршен материјал ќе биде вистинско изненадување за македонскиот пазар. Напред Лоба!
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени