Протресен зеленчук
Потребно е: изгмечен лук, лута пиперка, 3 главици кромид исечкан на тркалца, 1 рака печурки, малку свежа зелка, маслиново масло, соја-сос и сусам
Приготвување: тајната на оваа салата е во внимателното мешање на состојките. Во маслото ставете ги лукот и пиперката, а потоа кромидот и преостанатите состојки. Обидете се да не мешате, туку да протресувате. Ставете сол и црн пипер. За пет минути додајте соја-сос и сусам.
Коментарите се затворени