Пудинг како торта
Да се свари пудинг е наједноставна работа на светот, па затоа треба да се обидете интересно да го сервирате.
Пишкоти за подобар вкус
Одберете подлабока чаша со основа, а долу наредите скршени пишкоти, над нив исечкано овошје, свежо или од компот. До половина чаша ставете пудинг од ванила, изладете го и над него ставете кекси и исечкано овошје. Завршете со слој пудинг и украсете со изрендано чоколадо.
Пудинг во боја
Доколку варите пудинг во неколку бои, најдобро е да ги наредите во високи чаши. Така секоја боја ќе дојде до израз, а ќе биде уште поефектно доколку ги украсите со ф’стаци.
Овошје како декорација
Ставете пудинг од ванила во стаклени чаши. Кога ќе се излади, украсете го со пржените ливчиња од бадем или со тркала ананас.
Украсен калап
Ставете го пудингот во калап за куглоф. Кога ќе се излади, сервирајте го на стаклено чиниче и посипете со кокосово брашно.
Фото- Pixabay
Коментарите се затворени