9.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Работилница на Chef Филип Митевски во „Лазар Танев“

Chef Филип Митевски, фуд дизајнер, нашинец кој собира ловорики во Германија, (Maritim Hotel Darmstadt), одржа работлиница во неговото средно училиште „Лазар Танев“. Носталгичен, бидејќи е повторно во Македонија, во своето драго училиште, овојпат од другата страна на боксот, беше часот на Филип.

Беше интересно и еукативно: во оптимистично-енергичен манир, како вистински професионалец кој адутот го има во дизајнирањето на храната, Филип на идните готвачи и шефови им покажа неколку интересни техники во готвењето и сервирањето, откри еден „мишелин рецепт“, кој го пробавме на лице место и ги поттикна младите луѓе на креативност и на верба во себе.


– Овој час ме врати повторно во училиштето каде што завршив, голема чест е да се исправам пред вас и со голема желба да ви презентирам дел од моето секојдневие. Се што правите, правете го со инспирација, со љубов и на ваш начин, тоа е голема привилегија- им се обрати Филип на учениците.
На работилницата присуствуваше и колегата на Митевски, Gian Luca Teschke, кој презентираше неколку топли јадења.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена