Рецепт. КОШМИШПИТЕ на Пирустија Неданоски
За овој вкусен старински рецепт, следете ги инструкциите на Наташа, од Пирустија Неданоски.
Во половина литар млеко се раствара една коцка квасец со малку сол и шеќер (по половина лажиче). Во подлабок сад се става килограм бело брашно, едно лажиче сол и еден филџан масло, и заедно со млекото се замесува меко тесто. Тестото се дели на 10 еднакви дела кои се месат во топчиња.
Секое топче се расукува во кора, колку што е големината на тавчето. На подмачкано тавче се реди првата кора и таа се попрскува со 2-3 лажици масло и се филува со претходно подготвен фил (половина килограм изварка или сирење и 3 јајца). Така со секоја кора, тие се редат, една врз друга.
Сега се сечат квадратести парчиња и тестото се остава половина час да стаса. Се пече на загреана рерна (220 степени) отприлика половина час, а потоа уште десет минути на 180 степени. Уживајте во кошмишпите!
Коментарите се затворени