Ристе Ристески деновиве престојува во Сараево, Босна, каде што ја снима својата нова песна.
После „Добро јутро тајно“, „Неизлечиво“ и „Како ли се она зове“, пејачот во студиото „Ал Мјузик“ подготвува уште една одлична песна која велат, има тенденција да стане голем хит а авторот е маестралниот Амил Лојо.
– Во Сараево сум за да ја снимам мојата нова песна која ја правам заедно со Амил Лојо и сигурен сум дека имаме добитна комбинација. Периодов покрај бројните настапи во Белград, каде што живеам, напорно работам на нов материјал и едвај чекам зелено светло од мојот тим за да можам да ги споделам информациите со јавноста, раскажува Ристе.
Да потсетиме: откако во 2017 година се закити со титулата прв македонски победник на најголемото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и потпиша ексклузивен договор на 9 години со продукцијата „Гранд“, Ристе Ристески настапува секој викенд, најчесто во Белград каде што живее, но често знае да замине и за Италија, Швајцарија и Австралија, каде што има турнеи.
Коментарите се затворени