Ружица Арсовска, нов фитнес модел
Постојат некои златни правила или норми кои помагаат да се успее, колку побрзо ги совладате толку имате поголеми шанси да бидете професионален модел. Магијата е да успеете да ги балансирате сите оние работи кои ви се важни за моделингот, за да оставите комплетна слика за себе. Ружица е совршен пример за тоа како на вешт и уникатен начин може да се спојат трите сегменти, за да се изгради еден комплетен модел. Големата љубов и посветеност кон вежбањето и исхраната и овозможија да биде моде , фитнес тренер и врвен кулинар.
– Со добра организација може да се постигне многу, само ако имате мотивација и дисциплина- вели Ружица. Нејзините планови не застануваат тука, Арсовска сака да замине за Америка каде би продолжила професионално да се занимава со моделинг, бидејќи веќе долго време соработува со агенцијата Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
– Има луѓе кои кога говорат, делуваат на вас смирувачки и хармонично. Таков е случајот со Ружица- не го крие својот восхит, Алек Наумовски од Моделс Ин
– Чекаме да се смири состојбата со пандемијата за да може конечно да замине во Америка , бидејќи како што и очекувавме повеќе модни агенции се заинтересирани да склучат договор, додава Алек. Ружица е секако успешна и среќна, и договор со една светска агенција би бил награда за нејзиниот огромен труд и упорност. Впрочем што друго и да се очекува од девојка која зрачи со индивидуалност и беспрекорна убавина.“
За совети околу фитнес и исхраната, посетете го нејзиниот инстаграм профил @Ruzica_ars
Коментарите се затворени