17.8 C
Skopje
сабота, април 12, 2025
spot_img

Саксии од тенџериња, тегли, кокос.., на цвеќињата им даваат карактер

Во секој дом има купишта непотребни предмети, особено меѓу кујнски садови – тенџериња со изгребана внатрешност, рѓосани ѓезвиња, испукани глинени чинии, керамички чаши, кои веќе ви здосадиле… Сите тие се за фрлање, но ако ви е жал да се разделите со нив, дајте им нов живот, претворајќи ги во саксии.


Изберете сад кој ќе го претворите во саксија- тенџере, на пример.
Можете да го зачувате автентичниот изглед или да го бојадисате во боја по ваш вкус. Тенџере излепено со камчиња, скршени стакла или плочки, канап, дебело јаже, навистина делува интересно.
Ако мислите да посадите растение директно во тава на дното ставете дебел слој на камчиња, а тие ќе ја вршат функцијата на дренажа.
Саксиите од стари садови навистина изгледаат поинаку и дефинитивно ќе ја освежат визијата на вашата градина или балкон.


Големите филџани, искористени плодови од кокос, навистина ќе им дадат карактер на вашите цвеќиња.
Комбинацијата на различни саксии по форма, големина и вид, ќе ја раздвижат вашата градина и балкон.

Фото: Pexels, Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена