4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Секс гуру Сузе: Зошто изневеруваат мажите?

Мажите најчесто изневеруваат бидејќи сакаат разновидност во нивниот сексуален живот, а не затоа што не ве сакаат. Некои од нив чувствуваат заситеност од врската. Тие сакаат да бидат обожувани од своите партнерки, да ја потврдат својата слобода и да бидат во центарот на вниманието во вашиот живот. Но, без разлика која е причината, мажите имаат вродена потреба да се чувствуваат почитувани и ценети од страна на нивните партнерки. Тие сакаат да бидат нивни херои.

Дали жената може да превземе нешто за да спречи неверство?!

Фото: india.com

За промена пожелно е вие да превземете иницијатива за секс. За мажите сексот е исто колку и начинот на кој му покажувате дека го посакувате. Овозможете му да се почуствува сакано со изразување на вашата љубов физички. Бидете отворени за експериментирање, стравот од непознатото нека не претставува пречка да бидете отворени за различни сексуални искуства. Дозволете му на вашиот сакан да проба некои нови работи со вас, бидејќи ако не сакате вие можеби има некоја друга што ќе го направи тоа наместо вас. Ова не значи дека треба да се вклучите во сексуална активност која е одбивна за вас, но дозволете си да искусите нови работи со човекот кој го сакате.

Жените често пати грешат кога се обидуваат да се променат и за партнерот да бидат личноста која тој сака да биде. Во овој случај тие се губат себе си, бидејќи мажот тогаш почнува да го губи чувството дека вие сте таа вистинската во која е вљубен.

Драги жени, не се обидувајте да го контролирате! Понекогаш, во врската не намерно се обидувате да го контролирате, сметате дека вашата врска така најдобро ќе функционира. Со ова всушност започнува вашиот деструктивен однос, почнувате да се жалите, да обвинувате, критикувате, се заканувате, казнувате или наградувате ако сте воспоставиле контрола. Ова е најпогрешниот став во партнерските односи! Не си дозволувајте лажно чувство на сигурност, сите врски се доброволни затоа најважно е да одржувате позитивен однос. Најлесен начин за да го постигнете тоа е да му покажете колку многу го цените и го почитувате. Дозволете му да се чувствува слободен, да има време за себе. Некои мажи изневеруваат бидејќи почнуваат да ја чувствуваат врската како товар, тогаш најчесто се впуштаат во афера за да си го вратат чувството на слобода што го губат во врската. За да не се случи ова, одвоете време за пријателите или посветете се на некое хоби, не дозволувајте љубовта на вашиот живот да се чувствува заробено, чувството на слобода е непроценливо за секој од нас. Мажот секогаш треба да биде приоритет во вашиот живот затоа не дозволувајте да се почувствува запоставено. Обврските, работата, роднините…сите овие се пропратни елементи во вашиот живот, а партнерскиот однос треба да трае цел живот.  Блискоста меѓу партнерите е најголемиот непријател на неверството, практикувајте заеднички љубовен јазик и зборувајте му, покажете му колку го сакате.

Имајте во предвид дека постојат и мажи кои се убедени дека имаат генетски предиспозиции за да имаат сексуални односи со што повеќе жени. Во овој случај што и да направите нема да можете ништо да промените, доколку сте способни треба да го прифатите или да го напуштите. Ако не сте задоволни од вашата врска, партнерот не е  виновен за тоа, запрашајте се и размислете зошто е тоа така. Секој од нас е креатор на сопствената среќа.

Сузана Милиќ

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена