Вашата сексуалност како двојка секогаш треба да ја негувате и надградувате. Зголемената бројност на сексуалните односи треба да кореспондира со квалитетот на вашиот сексуален живот, а тоа ќе доведе до поголема интимност, романса и среќа. Како пар треба да умеете да го зголемите интересот и уживањето на секоја ваша сексуална средба.
За мажите, предиграта може да започне десет минути пред сексуалниот однос. За жените, многу повеќе е важна емоционалната предигра. Затоа, мажите треба да разберат дека не е во ред ако цел ден гледаат телевизија или се забавуваат со другарите, мобилниот … тоа значи дека ја игнорирате, не очекувајте од неа чудо доколку и посветувате внимание само за време на сексуалниот чин! Ако таа е вашата сакана, тогаш направете тоа да го почувствува, а не да ја доживувате единствено како сексуален објект. Многу мажи ги раздвојуваат пропратните активности. Тие можат да гледаат фудбал, да навиваат и да се разочараат, да ги исклучат телевизорот и повторно да добијат ерекција. За мажите кои сакаат да водат љубов со своите партнерки, корисно е да знаат дека жените не функционираат на истиот принцип. За жените, однесувањето на нејзиониот партнер започнува од моментот кога тој ќе се појави на врата, начинот на кој ја гледа, разговара, успева да најде време и да се јави додека е на работа… сето ова за жената е предигра.
Постојат моменти кои можат да ви го откријат патот од логичка транзиција во денот до сексуално наелектризирана ноќ.
Како мажите можат да влијаат на емоционалната предигра на жената?
– Кога оди во кујна да земе садови за да ја постави масата, отидете позади неа, бакнете ја на вратот од позади и прегрнете ја
– За време на вечерата, допирајте и ги нозете под масата
– Земете ја за рака и бакнете ја
– Без да и најавувате направете и топла бања, запалете свеќички и земете шампањ
– Масирајте ја со егзотично масло кое го загрева телото
– Држете ја често за рака
– Кажувајте и дека ја сакате и убаво ви е во нејзина близина
– Прегрнете ја и гледајте ја право во очи
– Изненадете ја со нешто што воопшто не го очекувала
Секој маж треба да знае дали неговата партнерка повеќе сака романтична еротика или сексулана еротика. Во зависност од тоа може да и напише некоја посвета и да и ја прочита. Жената треба да слушне дека таа е негова инспирација. Не заборавајте дека пред спиење секогаш треба да ја прегрнете и да се приближите кон нејзиното тело, да останете во контакт и во текот на ноќта.
Што се однесува до предиграта кај мажите, тоа што се будат и имаат ерекција или само што ќе легнат се подготвени, тоа не значи дека ја потценуваат физичката и менталната предигра. Мажите исто така ја сакаат предиграта, дури за многумина колку е подолга предиграта толку е поинтензивен нивниот оргазам.
Како жените можат да влијаат на предиграта кај мажите?
– Бакнете го со нежно грицкање на задниот дел од вратот
– Галете се по вашето тело додека ве гледа
– Земете ја неговата рака и допирајте ги вашите ерогени зони
– Изненадете го некој филм за возрасни по ваш вкус
– Оставете му секси белешка во неговата ташна ( никако не го потсетувајте што треба да купи за дома )…
Во царството на птиците, женката избира мажјак со гледање, оној кој прави најдобро гнездо и наоѓа најубави гранчиња. Обидете се вашата спална соба да ја претворите во љубовно гнездо.
– Тргнете ги на страна сите фотографии, може да оставите некоја од вас двајца кога сте биле во голем љубовен занес
– Резервирајте си фиока за вашата интимна козметика, лубриканти, масла, вибратори…се што може да делува стимулативно на вашето либидо
Сексот, исто како и љубовта може да цвета во врската, бидејќи вие работите на тоа. Учете го вашето тело и телото на вашиот сакан-а, истражувајте ги вашите взаемни фантазии и раскажувајте ги вашите тајни.
За крај: За жените, разговорот е начин на секс. За мажите, сексот е начин на разговор.
СУЗАНА МИЛИЌ