Грижата за нашите интимни делови после сексот е многу важна за нашето здравје. Сите ние си имаме ритуали после сексот, но според сексолозите жените прават големи пост-секс грешки.
1. Не треба да брзате во тоалет веднаш после секс
Одењето во тоалет после секс може да помогне да се исчисти уретралниот тракт на сите бактерии за време на односот, но не треба тоа да го направите веднаш и да го уништите моментот.
2. Не заспивајте во долна облека
Нашите интимни делови најдобро ја одржуваат рамнотежата кога можат да дишат. Носењето синтетика во кревет може да ја задржи влагата и да ве направи поподложни на инфекции.
3. Оставете ги на страна влажните марамчиња
Хемикалиите може да ја нарушат деликатната природна рамнотежа на ph вредноста во интимните делови.
4. Не се бричете
Многу поголема е веројатноста да се се развие иритација ако се бричите веднаш после однос. За време на односот има зголемен проток на крв во гениталната област и затоа сме посензитивни, а бричењето потоа воопшто не е препорачливо.
5. Избегнувајте топла бања
Иако изгледа романтично, топлата бања може да предизвика многу непријатности, бактерии и инфекции бидејќи после однос вагиналниот канал е отврен, а бактериите побрзо се размножуваат на топло.
6. Не употребувајте сапун
Експертите препорачуваат дека нашите интимни делови се само -чистачки органи и треба да се измиваат само со чиста вода, при тоа за време на односот важно е да се користат лубриканти на водена база за подобро одржување на интимната хигиена.