Во Лос Анџелес вечерва ќе се одржат јубилејните 70 доделувања на наградата „Еми“, најголемо телевизиско признание, кое го доделува Академија на телевизиските науки и уметности. Водители на манифестацијата ќе бидат ѕвездите од серијата „Сабота вечер во живо“, Колин Џост и Мајкл Че. Во трката за награди првото место го држи хит серијата „Игра на тронот“ со 22 номинации. Во пресрет на најголемата ноќ за телевизиските продукции еве неколку славни актери кои за своите легендарни улоги во сериите никогаш не добиле награда.
Крис Нот: „Сексот и градот“, „Добра жена“, „Закон и ред“ се само некои од сериите по кои го знаеме. Можеби е најпознат по улогата Фаца во „Сексот и градот“ за која, како и за останатите никогаш не доби номинација за „Еми“.
Кортни Кокс: За разлика од нејзините колешки таа никогаш не освои награда за култната серија „Пријатели“. За 10 сезони, колку што беше прикажувана серијата не доби ни номинација.
Дејвид Духовни: Двоен добитник на Златен глобус за улогите во сериите „Досие Х“ и „Калифорникација“, но со Еми немаше среќа. Номиниран е четири пати од кои два пати за улогата во „Досие Х“, но признанието му побегна.
Хју Лори: Познатиот британски актер, музичар и писател за легендарната улога на др. Хаус во истоимената серија , за оваа улога беше шест пати номиниран, но и за уште две од други серии. Сите осум пати не ја доби наградата.
Џорџ Клуни: Има два Оскара и четири Златни глобуси, но нема Еми. Два пати е номиниран за улогата на „Служба за итна помош“. Во 2010 доби награда Еми, но не како актер туку хуманитарната награда „Боб Хоуп“.
Џери Сејнфелд: Номиниран е за главната улога во серијата „Сејнфелд“ пет пати, н наградата секогаш го заобиколуваше.
Леонард Нимој: Остана запаметен по улогата на Спок во „Ѕвездени патеки“. Оваа улога му донесе три номинации но ниедна не свои.
Хедер Локлир: Од „Династија“, преку „Мелроуз Плекс“ до „Сите луѓе на градоначалникот“ има одиграно прекрасни улоги но ниедна не и донесе номинација за Еми. Но, шест пати беше номинирана за Златен Глобус.
Извор и фото: novilist.h