Најдобриот македонски талент, Филип Талески, ракометар на германскиот Рејн Некар Левен, вчера го заигра првиот свадбен валцер со Ена, избраничката на своето срце, и така семејниот албум почна да се полни со заеднички фотографии. Глетката на двајцата вљубени предизвика многу воздишки на свадбената церемонија што се случуваше во Етно село Тимчевски, а Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ атмосверата ја направија уште повеличенствена.
Им ја посакуваме љубовта на целиот свет: Филип и Ена, радувајте се на своите сличности а разликите нека ве прават уште побогати! Среќно!
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени