Пејачката Сара Мејс се породи пред неколку часа. Таа и Димитар станаа родители на малата Илина, која името го доби по желба на среќната мајка.
Нашите извори велат дека се поминало во најдобар ред и дека и двете се чувствуваат добро. А добар е и тато Димитар, кој присуствувал на породувањето.
Сара вчера на својот Фејс бук профил го најави и пуштањето на спотот за песната „Црна капина“.
-Се е подготвено, благодарам „Ју тјуб“ каналот, случајно сум зафатена со создавање живот. Песната и спотот можат слободно да запловат во етерот, напиша Сара.
Така и се случи. Сара сабајле во 4.44 часот, создаде живот тежок 4.44 килограми.
Среќната мајка веста веќе ја сподели на својот Фејс бук профил.
„Не е лажна тревога. Најсреќна на свет сум. Не ми се верува какво е чувството, напиша Сара, не криејќи ја радоста.