*Најдобар начин да се отстранат дамки од црно вино е материјалот да се потопи во суво бело вино, најдобро пред дамката да се исуши.
*Мадам Помпадур изјавила дека шампањот е единственото вино по кое жената останува убава.
*Со стареењето, црвените вина стануваат посветли, а белите вина – потемни.
*Се` до 17 век, производителите на вино во Франција не користеле плутани затворачи.
Наместо нив употребувале крпи натопени во масло и со нив ги затворале шишињата.
*Кога се наздравува во Англија се користи зборот „Toast“ (препечен леб). Потеклото на оваа здравица е од древниот Рим, каде што парче препечен леб се ставал во виното.
*Фразата „Ин вино веритас“ (Во виното е вистината) ја смислил Плиниј Постариот, кој загинал за време на ерупцијата на Везув, која ги уништи Помпеја и Херкуланум.
*Сортите pinot blanc (bianco), pinot (grigio) и pinot meunier се генетички мутации на сортата pinot noir.
*Во Германија, во музејот Спејер постои шише вино старо 1.600 години.
*Во средниот век виното се користело и како замена за пари.
*Шампањот е најдобар меѓу својата четвртата и десеттата година на старост.
*Во Ерменија тврдат дека првите лозја на земјата ги насадил библискиот Ное, и тоа во нивната земја.
*Луј Пастер е прв кој ја одредил правата природа на ферментацијата.
*Своевремено, виното често било препишувано како лек за бронхитис и грип.
*Отворено шише вино во фрижидер трае 6-16 пати подолго отколку на собна температура.
*Американците пресметале дека грозјето од кое се добива шише вино од 20 долари чини 2,64 долари.
*За пенливото вино да не се прелее преку чашата при сипувањето – сипете првин мала количина (која брзо ќе се смири), а остатокот додадете го во таа количина – тогаш нема да се создава пена.
*Во Египет, во времето на фараонот Тутанкамон „обичниот свет“ пиел само пиво – виното било резервирано за повисоката класа.
*Дури кога почнала употребата на плутани затворачи, шишињата почнале да се
ставаат во хоризонтална положба, а нивниот облик, од кратки и топчести, почнал да станува висок и тенок.
*Виното има толку хемиски соединенија што се смета за посложено и од серумот на крв.
*Етикетите првпат се ставени на шишињата вино во раните 1700-ти години, но се` до 1860 година не постоел соодветен лепак кој би ги држел залепени.
*Виното често се нарекува и нектар на боговите, но Санџовезе е единственото грозје кое добило име по бог. Значи „крвта на Јупитер“.
*Маркетиншките истражувања покажуваат дека повеќето луѓе купуваат одредено вино затоа што го препознаваат брендот или затоа што ги привлекува пакувањето.
*Египќаните се први кои користеле стаклени садови, уште околу 1500 година п.н.ера.
*Чашите за шампањ ќе произведуваат повеќе меурчиња ако внатрешните ѕидови не се сосема мазни. Нерамнините помагаат да се ослободи јаглеродниот диоксид.
*Во 19 век била честа појава шишињата со шампањ да експлодираат. Работниците во подрумите носеле заштитни маски.
*Дом Перињон бил монах за кој се смета дека го измислил шампањот. Меѓутоа, она што тој сакал да постигне е да направи вино кое ќе биде рамноправен ривал на бургундец. Воопшто не ги одобрувал вината со меурчиња. Негов најголем придонес е инсистирањето на високи стандарди во одгледувањето грозје и производство на вино.
Коментарите се затворени