15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Скриени калориски бомби

1. Кечап и мајонез
Можеби од својата редовна употреба ги исфрливте кечапот и мајонезот, но и натаму ги користите за шмек. Кечапот навистина не содржи маснотии, но затоа во 100 грама има 11 коцки шеќер.

2. Овошен јогурт
Зар постои поубав меѓуоброк? Внимание – во 100 грама овошен јогурт има дури 6 коцки шеќер. Решение – или намалете го внесувањето или самите направете си јогурт дома.

3. Ананас
Обожавате ананас, но секогаш го купувате од конзерва? Кардинална грешка – тој содржи четири коцки шеќер. Затоа, ножот в раце и купувајте си природен.

4. Дресинг за салата
Направете џиновска салата за оброк, а за да биде повкусна – додадовте купен дресинг. Станува збор за вистинска калориска мамка со која си додавате 14 грама маст. Зачинете ја салатата сами. Користете немасен јогурт, посно сирење, лимон или маслиново масло.

5. Пекарски производи
Во недостиг од време, набрзина купувате некое благо пекарско залаче. Колку и да е малечко, не е безопасно – кроасан, на пример, содржи 22,6 грама маст и се лепи директно на вашите колкови.

6. Газирани напивки и благи сокови
Многумина веруваат дека течните продукти имаат помалку калории од оние во тврда состојба. Сепак, газираните пијалаци содржат 17 коцки шеќер на еден литар. Пијте вода.

7. „Лате макијато
Најдрагото кафе не може да и пречи на вашата става! Грешка. Кафето направено со млеко може да содржи од 5,6 до 9,2 грама маст.

8. Колбаси
Можеби некое тенко парченце не ви изгледа непријател, ама не е така. Околу 100 грама колбаси содржат 300 калории. Преминете на мисиркини и на пилешки гради.

Фото/Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена