Пристигнете навреме
Ова може да е очигледно за повеќето луѓе, но некои не сфаќаат дека доаѓањето доцна не само што остава лош впечаток, туку го деконцентрира целиот ден. „Доаѓањето навреме или малку порано му помага на вашиот начин на размислување за денот и помага да се промовира чувство на постигнување“, вели Лин Тејлор, национален експерт за работни места и автор на „Скротете го вашиот ужасен тиранин во канцеларијата“.
Диши длабоко
„Буквално така“, вели Мајкл Кер, говорник за меѓународен бизнис, автор и претседател на „Хумор на работа“. „Направете нешто за да се фокусирате овде и сега.“ Многу луѓе доаѓаат на работа вознемирени бидејќи не оставаат доволно време дома да се справат со „домашните работи“, вели тој, „а потоа едвај преживуваат уште едно ужасно, стресно, редовно патување на работа, за потоа да се нурнат во лудилото.“

Не бидете намќор
Обрнете внимание на вашето расположение и бидете свесни за неговиот ефект врз другите. „Првото и последното нешто во текот на денот е кога емоционалната интелигенција може да има најголемо влијание“, вели Шиндлер. Значи, ако не сте „утрински човек“, обидете се со додворување да имате позитивен став кога ќе пристигнете во канцеларија. Испијте втор или трет филџан кафе, ако тоа е она што е потребно.
Искористете ја бистрата глава
„Многу луѓе чувствуваат дека нивните мозоци функционираат најдобро во утринските часови и дека наутро тие се најкреативни и продуктивни“, вели Кер. „Размислете дали најдобро ја користите вашата интелигенција и планирајте ’високомозочни’ активности во утринските часови.“
Организирајте го денот
Првиот час од работниот ден е најдобро време да ги процените приоритетите и да се фокусирате на она што апсолутно треба да се постигне, вели Кер. „Премногу луѓе прво наутро се деконцентрираат со неважни активности, како што е нурнување право во нивните мочуришта од електронски пораки, кога можеби има цела низа поважни прашања кои треба да се сработат“. Направете листа на задолженија, или ажурирајте ја онаа што сте ја направиле претходниот ден, и обидете се да се држите до тоа.
Видете се со колегите
„Брзо 5-10-минутно собирање на тимот, исто така, може да биде ефикасен начин за многу луѓе да го започнат својот ден“, вели Кер. Тоа нека биде кратка средба, без столчиња, секој нека ја сподели својата главна цел за денот и споделете ги сите клучни информации кои остатокот од тимот апсолутно треба да ги знае, вели тој. „Одржувањето средби им помага на луѓето да се фокусираат и уште поважно, го поврзува секого со тимот. А со јавно споделување на вашите цели за денот, шансите за нивно постигнување значително се зголемуваат.“
Средете го работниот простор
„Расчистувањето на бирото и создавање на уреден работен простор го поставуваат тонот за остатокот од денот“, вели Александра Левит, авторка на „10 бизнис митови во кои не можете да си дозволите“. Тоа може да помогне да се избегне забуната. „Исто така, за многумина е тешко да размислуваат јасно, лесно да заборават важни потсетници и едноставно е стресно ако чувствуваат дека водат битка, а торнадото од електронски пораки или хартија победува“, вели Тејлор.
Фото-Pexels