16.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Скуша на три начина

Пикантна скуша
Потребно е: 4 исчистени скуши, 2 лажички сенф, лук по желба, половина лимон, 2 дл бело вино, 1 китка магдонос, рузмарин, маслиново масло, сол, црн пипер.
Рибата наредете ја во тавче, посолете, ставете црн пипер и премачкајте со маслиново масло.
Во меѓувреме направете го филот: во посебен сад измешајте сенф, магдонос, рузмарин, маслиново масло, иситнет лук, црн пипер и сок од лимон. Наполнете ја скушата со оваа смеса, а може да ја затворите со чепкалки. Помешајте го белото вино со малку лимон, па полијте ја скушата. Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ги скушите 15-20 мин. додека не поруменат.

Димена скуша
Потребно е: 3 димени скуши, 1 лимон, 2 лажици свеж рузмарин, маслиново масло по потреба.
Исчистете ја скушата од кожата и коските и исечкајте ја на ситни парчиња. Во помал сад загрејте маслиново масло и додадете рузмарин, па пржете една минута. Во маслото додадете го сокот од лимон, па прелијте ја рибата. Послужете ја рибата врз пире направено без млеко, кое ќе го полиете со истата маринада.

Скуша со зеленчук
Потребно е: 3 скуши, 3 компири, кромид, 3 чешниња лук, 1 морков, 1 домат, сол, црн пипер, маслиново масло.
Исчистете ја скушата, посолете и сипете црн пипер. Излупете го компирот и исечете го на парчиња. Измијте го доматот и исечете го на резанки. Зеленчукот ставете го во посебен сад, посолете, ставете црн пипер и чешниња лук, исечкани на поситни делови. Врз зеленчукот наредете ја скушата која сте ја исекле на парчиња. Полијте со масло, покријте со фолија и ставете да се пече во рерна околу 40 мин. на 200 степени.
Фото-Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена