Со тиква до идеална става
Доколку сакате да ослабнете, не заборавајте на тиква. Ем што е здрава, ем е со многу ниска калорична вредност.
Еве уште нешто за тиквата.
Зрелата тиква, со јаболчест или крушковиден облик, има сочно месо и изразито портокалова боја. Ја нарекуваат и македонска банана, вкусот и е сладок, но без арома, освен таканаречената мошусова тиква.
Жолтеникаво-портокаловото месо на тиквата содржи драгоцени и лековити состојки. Покрај малата количина белковини, јаглехидрати и масти, тука се и витамините Ц, Е, К, провитаминот А и витамините од Б-групата, потоа ниацин и фолна киселина. Покрај витамини, тиквата изобилува и со минерали, т.е. со калиум, фосфор, калциум и железо, а тука се и пектините, целулозата и другите билни влакна.
Во последно време бетакаротинот доби и значаен публицитет во научната литература поради повеќекратното дејствување на организмот. Тој го блокира формирањето на слободните радикали, а со тоа директно го спречува оштетувањето на структурата на ДНА-клетките, дејствува како силен антиоксиданс, што значи и дека го спречува развитокот на супероксидите и пероксидите.
Енергетската вредност на тиквата е мала, таа изнесува околу 111 кј, односно 26 kcal на 100 г. Поради ниската калориска вредност многу е погодна за диетална исхрана, за дијабетичари како и за личности со болен желудник и тенки црева. Дејствува смирувачки, а воедно ја регулира и столицата поради содржината на пектин и целулоза.
Ова е идеален продукт за луѓето со болен желудник и црева. Дејствува на многу начини и ги олеснува тегобите од воспаление на дебелото црево. Тиквата е совршен диуретик и се препорачува на личности со ревматски тешкотии, воспаление на мочните патишта, проблематични бубрези и жолчка. Ефикасно го намалува холестеролот во крвта, а облоги од свежо изрендана тиква се користат за ублажување на болки од проширени вени.
Коментарите се затворени