Многу британски музичари, меѓу кои Стинг и Ед Ширан, директорот на лондонскиот симфониски оркестар, тапанарот на „Квин“, но и американскиот пејач Пол Сајмон, во отворено писмо до премиерката Тереза Меј, изразуваат загриженост поради последиците од брегзит, кој, како што истакнуваат, „им прети на сите сектори во музичката индустрија“. Писмото е објавено во британскиот „Обсервер“, на поттик на ирскиот музичар Боб Гелдоф, кој организираше кампања за останување на Англија во Европската Унија.
-Брегзит ќе влијае на музичката индустрија, без оглед дали станува збор за турнеи, продажба, авторски права или наплата на тантиеми. Тоа веќе се случува. По референдумот во 2016 година, падот на вредноста на фунтата се рефлектираше со зголемуваше на трошоците за опрема и изнајмување на студијата. Да не ги заборавиме намалување на приходите на домаќинствата, што значи помала можност за издвојување на пари за одење по клубови и купување на е што има врска со музиката, се вели во писмото.
„Одлучивме д се затвориме во еден вид културен затвор, велат потписниците, мислејќи на брегзит, кој треба да се реализира идната година. „Тоа е лудост, мораме повторно да ја земеме иднината во свои раце, да ја реформираме и реструктуираме ЕУ“.
Гелдоф повикува на организирање нов референдум за излегување од ЕУ, што според него значи, да се спречи лошото влијание на брегзит врз нивната иднина.

