Сузе Турунџиева: Со јогата го реставрирав духот и добив ново тело
Јогата ми го промени животот во целост, не само делумно. Го почувствував и го живеам секој збор што во текот на медитирањето ни го кажува нашата инструкторка Магдалена, која вели: „Ти не си само тело, ти си многу повеќе од тоа! Ти си уникатна креација во целиот Универзум…“
До само пред 3,4 години имам неопределено мислење за луѓето кои практикуваат јога, мислев дека се некои занесењаци, асоцијални, помалку чудни…Сега се срамам поради тоа, затоа што сфатив дека тоа се прекрасни, комуникативни и компромисни луѓе кои успеале да допрат до себе, до своето јас… И луѓе кои многу сакаат да се дружат со луѓе слични на нив… Да пеат и да танцуваат! Тоа се вечни деца, затоа што ние таму секојдневно го „будиме“ детето во нас.
Таму, во Art of living, добив мое ново семејство, место во кое ги преработувам и филтрирам сите акумулирани стресови, стравови и воедно ги полнам батериите со нова, свежа енергија… Јогата не е само техника за подобар живот, туку е многу повеќе од тоа… Со редовно практикување на јога луѓето можат да се излекуваат од многу сериозни физички и психички нарушувања, само доколку ве водат добри ментори како што се Горан и Магдалена… Неизмерно сум им благодарна што не ми го реставрираа само духот, туку таму добив и ново тело… За првпат во животот, без никакви диети и режими немам ни грам вишок. И сето тоа, благодарение на јогата.
Коментарите се затворени