Излупете една помала лубеница и исечете ја на големи парчиња. Така исечена ставете ја во блендер со два зрели домати, едно исечкано чешне лук и две лажици цеден сок од лимон.
На крајот добиената смеса посолете ја и додадете неколку коцки мраз. Добиената супа изладете ја во фрижидер, а пред служење декорирајте со свеж босилек и малку маслиново масло.